Нејмар на критиките врати со ножички
Навивачите го свиркаа бидејќи сакаше да си замине летово, а тој во 92-ра со ножички му донесе победа на ПСЖ и ги натера навивачите да слават.
Францускиот шампион синоќа беше на маки со Стразбур чија одбрана никако не успеваше да ја пробие сѐ до втората минута од судиското надополнување кога по нафрлувањето на Абду Дјало бразилскиот виртуоз со ножички ја затресе гостинската мрежа.