Нејмар: А велеа дека Роналдо е луд

По потпишувањето на договорот со Ал Хилал, Нејмар зборуваше за улогата на Кристијано Роналдо во развојот на лигата на Саудиска Арабија.

Бразилецот дојде од Пари Сен-Жермен во трансфер вреден 90 милиони евра.

„Сѐ започна со Кристијано Роналдо. Кога кон крајот на минатата година дојде во Саудиска Арабија, сите велеа дека е луд. А сега гледате една лига која се развива со неверојатна брзина. Воодушевен сум што ќе играм против врвни играчи. Тоа ве мотивира да бидете уште подобри“, рече Нејмар.

Еден од најпопуларните играчи на денешницата по 6 години го напушти Париз, а незадоволни беа и тој и челниците на клубот. Ал Хилал беше најдоброто и најбогатото решение.

„Мило ми е што сум овде. Кога знаеш дека противници ќе ти бидат Роналдо, Бензема, Фирмину, воодушевувањето е уште поголемо. Очекувам сите Бразилци да навиваат за Ал Хилал, се разбира“, додаде 31-годишниот Нејмар.

Новата сезона во Саудиска Арабија веќе почна, се одигра едно коло, а Ал Хилал славеше со 3:1 на гостувањето кај Абха. Дебито на Нејмар се очекува в сабота кога неговиот тим ќе ја пречека Ал Фејха.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе