Неколку причини зошто е здраво да јадете диња

Нема подобро летно освежување од ладна диња исечена на коцки.

Иако е слатка, дињата е зеленчук. Сè освен кората е за јадење, нејзините семки се богати со омега-3 масни киселини.

Една порција диња од околу 150 грама содржи: 53 калории, 0,3 g масти, 13 g јаглехидрати, 1,4 g влакна, 30% од дневната количина на витамин А, 78% од дневната количина на витамин Ц.

Иако е многу слатка, дињата спаѓа во зеленчук кој е многу здрав благодарение на витамините и минералите (калиум, магнезиум, фолна киселина, фосфор...) Богата е со антиоксидансите холин, зеаксантин и бета каротен, кои го штитат организмот од слободните радикали и го спречуваат развојот на многу болести, а особено се корисни за здравјето на очите.

Изобилството на витамин Ц го зајакнува имунитетот и помага во производството на колаген, кој ја одржува кожата младешка и свежа. Истиот ефект го има и витаминот А, кој дињата исто така го содржи.

Дињата содржи 90 проценти вода, што ја прави совршена храна за топлите летни денови. Со оглед на тоа што содржи околу 10 проценти од дневната потреба за калиум, помага во регулирање на крвниот притисок, штити од кардиоваскуларни болести и спречува грчеви во мускулите.

Калиумот, исто така, помага во одржување на балансот на електролити во телото и го намалува задржувањето на водата.

Покрај вода, дињата содржи и многу влакна. Тие се важни за варењето. Ако имате проблем со запек, изедете неколку парчиња од овој летен деликатес.

Бидејќи е „тешка на стомакот“, се препорачува да се јаде пред оброк или како посебно јадење. Луѓето кои имаат проблеми со бубрежни заболувања треба да ја јадат во ограничени количини.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе