Неконвенционалната прва дама: Меланија Трамп

Откако претседателот на САД Доналд Трамп официјално ја презеде должноста, сам се пресели во Белата куќа во Вашингтон. Неговата сопруга Меланија остана во нивниот дом во Њујорк, што беше преседан во историјата на САД.

Според американските медиуми, поранешната манекенка со словенечко потекло ќе му се придружи на сопругот во Белата куќа неделава. Меланија остана да живее во Trump Tower со синот Барон додека тој да ја заврши школската година.

Источното крило на официјалната претседателска резиденција е подготвено за првата дама на САД: на преуредувањето работеше дизајнерот на ентериер Там Каналикам кој по потекло е од Лаос.

„Планот е да се пресели во јуни, како што беше планирано и досега, но немаме одредено датум“, рече нејзината портпаролка за односи со јавноста Стефани Гришам.

Ова беше прв случај во историјата на САД првата дама да го остави претседателот сам да се всели во Белата куќа. Нејзиното доаѓање во Вашингтон се смета дека ќе придонесе кон подобрување на нејзиниот имиџ како прва дама согласно американската традиција.

Доаѓањето на Меланија, според медиумите, сепак се смета дека нема да придонесе кон почесто појавување на првата дама во јавноста, со оглед на тоа дека таа своеволно се повлече од јавниот живот и го придружуваше сопругот само на функции каде што мораше, како неговото прво патување во странство.

И тој случај помина неславно, имајќи предвид дека имаше мал скандал околу нивниот меѓусебен однос и нејзиното одбивање да го држи претседателот за рака.

„Меланија остава впечаток дека не е заинтересирана за активностите и задолженијата на првата дама“, вели авторката Џенифер Вајнер во нејзиниот коментар за New York Times.

Во нејзиниот говор во предизборната кампања, Меланија Трамп рече дека сака да се вклучи во борбата против злоставување деца, особено преку интернет, но не кажа повеќе детали.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе