Нема повредени македонски државјани во земјотресите во Турција и Грција

Според досегашните информации на Министерството за надворешни работи, во силниот земјотрес што ги погоди Турција и Грција нема повредени македонски државјани.

„Во согласност со официјалните информации од надлежните турски и грчки органи, засега немаме сознанија за повредени македонски граѓани, воедно ниту еден македонски државјанин не се обратил за информација или помош“, соопшти МНР.

Според информациите што ги објави Агенцијата за управување со кризи на Република Турција (АФАД), ноќеска, неколку минути по полноќ, во заливот Гокова (провинцијата Мугла), каде што се наоѓа туристичкиот град Бодрум, местото го зафатиле серија од над 45 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 6,3 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил во непосредна близина на турскиот град Бодрум и грчкиот остров Кос. Според досегашните сознанија, на грчкиот остров Кос има две жртви, истовремено има и повеќе повредени, а воедно земјотресот предизвикал сериозна материјална штета.

За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Република Турција и Грција активни се следниве телефонски линии:

Амбасада на Република Македонија во Анкара

Фиксни телефони: + 903 12 439 92 04 ; + 903 12 439 92 08

Мобилни телефони: +905303395884; +905385466691

Канцеларија за врски на Република Македонија во Атина

Фиксен телефон: +30 210 67 49 585

Мобилен телефон: +30 694 501 39 50

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе