Немири во САД откако полицијата повторно застрела Афроамериканец

Полицијата употреби солзавец да ги растера демонстрантите кои се собраа на протест во Шарлот, Северна Каролина, откако полицаец уби Афроамериканец, за кој вели дека бил вооружен и дека претставувал опасност.

Има повредени полицајци, автопатот беше затворен за време на протестите, кои избија во вторник вечер, неколку часа по убиството на 43-годишниот Кит Ламонт Скот, во станбена населба на североисточната страна на градот. 

Протестите продолжија до раните утрински часови во среда, а на телевизиските снимки се гледа како демонстрантите го блокирале патот и запалиле гуми. Ниту сообрајќајната полиција на автопатот, ниту полицијата на Шарлот, не биле достапни за коментар, пренесува Associated Press.

Ноќта, поголема група демонстранти се собраа во близина на местото на пукањето, а според полицијата тие уништиле полициски возила, а околу 12 полицајци биле повредени, од кои еден бил погоден со камен во лицето. На фотографиите и на видеата се гледа декла полицијата испукува солзавец за да ја врати толпата. 

Немирите во Шарлот почнаа неколку часа по исти такви одржани во Тулса, Оклахома, каде е убиен неименуван Афроамериканец од страна на полицијата.

Во случајот во Шарлот, полицијата околу 16 часот отишла во населбата да бара осомничен против кој имало обвинение и го забележале Скот, кој не бил осомничениот што го барале, како седи во автомобил. Тој излегол од автомобилот со пиштол, а потоа се вратил внатре. Кога полицајците му пристапиле, тој повторно излегол со пиштол в рака, по што полицајците му рекле да го фрли оружјето, а откако тој не го сторил тоа, еден полицаец пукал кон него.

Скот бил пренесен во болница, каде бил прогласен за мртов.

Полицаецот Брентли Винсон, исто така Афроамериканец, е на административно отсуство, стандардна процедура во вакви слуачи. Тој работел во одделот две години. Детективите од местото подигнале еден пиштол, а интервјуирани се и сведоци. Полицијата го оградила местото кое е на еден и пол километар од Универзитетскиот кампус во Шарлот.

Демонстрантите, ноќта во вторникот ивикувале „Црниот живот има значење“, „Рацете горе, не пукај!“, а на транспаренти било испишано „Престанете да нѐ убивате“.

На други снимки се гледа како толпа луѓе нишаат полициско возило, откако му ги искршија прозорците.

Градоначалникот на Шарлот, Џенифер Робертс, повика на смирување на страстите.

Во Тулса пак, стотици луѓе протестираа пред полициската станица повикувајќи ја на одговорност полицајката Бети Шелби, која го уби 40-годишниот Теренс Кручер во петокот за време на престрелка на сред пат, а сето тоа беше пренесено преку хеликоптерско видео.

Адвокатот на Шелби вели дека Кручер не ги следел полициските команди и дека таа мислела дека ќе извлече пиштол кога посегнал во својот џеб. Адвокатот на семејството Кручер пак, вели дека тој не направил никакво кривично дело и дека полицијата немала причина да го убие.

За двата случаи се водат истраги.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе