Неочекувани причини зошто може да имате прекумерна тежина

Зголемувањето на телесната тежина во повеќето случаи има прилично едноставно објаснување - внесувате премногу калории од храна и пијалаци, а вашата физичка активност е намалена во однос на претходното ниво, што резултира со калориски вишок, а со тоа и зголемување на телесната тежина.

За оптимална телесна тежина најважен е правилниот сооднос на внесената храна и потрошувачката на енергија, но доколку правиме сѐ како и обично, се храниме здраво и редовно тренираме, а килограмите продолжат да се таложат, тогаш причината за необјаснетото зголемување на телесната тежина може да да се крие на друго место.

Некои лекови

Различни лекови што ги користите може да предизвикаат ненадејно зголемување на телесната тежина. Апчиња за контрацепција, стероиди, бета-блокатори или лекови за мигрена може да предизвикаат зголемување на телесната тежина. Имено, тие делуваат така што го зголемуваат апетитот и го забавуваат метаболизмот, што е буквално главната причина за дебелеење без прејадување или некоја друга грешка.

Доколку забележите дека на вашата тежина влијае лекот што го земате, нутриционистите советуваат да побарате од вашиот лекар да ви препише друг вид на лек без такви несакани ефекти, се разбира, доколку тоа е можно.

Менопауза

За време на менопаузата, метаболизмот се забавува кај речиси сите жени, тие се подепресивни, имаат полош сон, а апетитот им се зголемува. Хормонот естроген, кој служи и за одржување на оптимална телесна тежина, полека исчезнува, па килограмите почнуваат побрзо да се таложат, објаснуваат лекарите. На жените во менопауза затоа им се препорачува посебно внимание да посветат на здрава исхрана и редовна физичка активност.

Недостаток на витамини или минерали

Друга неочекувана причина за зголемување на телесната тежина може да биде недостаток на витамини или минерали во телото. Имено, недостатокот на витамин Д, магнезиум и железо може да го загрози имунитетот и да влијае на нивото на енергија, а со тоа и на вашите активности.

Доколку немате енергија за здрав начин на живот и вежбање, вишокот килограми полесно ќе се акумулираат, а експертите советуваат дека доколку се сомневате во недостаток на витамини или минерали во организмот, не би било лоша идеја да го проверите нивното ниво во крвта.

Проблеми со спиењето

Не треба да се нагласува колку е важен квалитетниот сон и за менталното и за физичкото здравје. Многу луѓе не успеваат да ја добијат препорачаната количина на сон од 8 часа во текот на ноќта, а докажано е дека долготрајниот недостаток на сон има низа штетни последици по здравјето на луѓето.

Многу студии дојдоа до резултати кои покажуваат дека недостатокот на сон влијае на зголемувањето на телесните масти, зголемениот ризик од дебелина и успехот на губење на тежината, дури и ако го контролирате внесот на калории.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе