Дали конечно ќе го откриеме идентитетот на мистериозниот артист?

Неодамна пронајдено интервју можеби го открива идентитетот на Бенкси

Веќе долго време се прашуваме: Кој е Бенкси? Одговорот како цело време да ни е под нос, но никогаш не успеавме да го дознаеме вистинскиот идентитет. Дали Бенкси е еден човек или цело движење? Дали е Британец, Американец или којзнае што друго?

Еден неодамна откриен телевизиски прилог од 2003 година, кој деновиве се појави низ интернет брановите, содржи интервју во кое мистериозен графити-уметник тврди дека тој е Бенкси.

Прилогот го прави телевизијата ITV, а во него е опфатена изложбата која е позната под името Turf War. Еден од соговорниците на новинарот Хег Гордон е човек кој се нарекува себеси Бенкси и за време на прилогот тој црта стенсил (графит направен со шаблон) од инсект, а подоцна и бебе со цитатот „Kill more“. Она што е интересно е дека овие два дизајни уште одамна му се припишуваат на артистот кој денес го знаеме како Бенкси.

„Не може да си графити артист и да излезеш во јавност со твоето лице – тие две работи не одат една со друга“, изјави тогаш артистот кој се претставува со името Бенкси.

Шеснаесет години подоцна, новинарот Гордон кој разговараше со мистериозниот човек, вели дека не може да се сети како изгледал артистот кој потенцијално се крие зад името Бенкси, за кој денес се распрашуваат милиони луѓе низ светот.

„Го видов неговото лице ама не можам да се сетам како изгледаше. Нели е тоа тажно?“, изјави Гордон.

Претставниците на Бенкси одбија да го коментираат видеото и содржината објавена од ITV.

Бенкси е псевдоним на мистериозниот уметник кој своите дела ги остава насекаде низ светот, а тие најчесто имаат политичка и социјална природа и го отсликуваат ставот на широката народна маса, односно му даваат глас на народот преку „уметнички дела“, како што ги нарекува артистот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе