Непалец сруши рекорд, најбрзо ги искачи 14-те највисоки врвови

Поранешниот војник успеа за 7 месеци да ги искачи 14-те највисоки врвови во светот соборувајќи рекорд поставен пред 32 години од полски планинар.

Нирмал Пурџа утринава го искачи и последниот врв на листата, Шишипанма во Кина по што се пофили на Twitter дека „мисијата е завршена“.

Тој е поранешен британски маринец кој со планинарење почнал да се бави во 2012 на Еверест. Иако Непалец, служел во британската војска бидејќи Непалците повеќе од два века се во служба на Кралското семејство иако никогаш не биле британска колонија.

На Земјата постојат 14 врвови кои се повисоки од 8 илјади метри, а претходниот рекорд го држеше Полјакот Јержи Кукучка кој ги искачи за 7 години, 11 месеци и 14 дена, последниот во 1987.

Пурџа подвигот го направи за само 7 месеци откако првиот врв го искачи на 23 април годинава. Веројатно потегот ќе го завршеше за уште пократко време, но во два наврата требаше да чека специјална дозвола од кинеските власти за двата врва кои се наоѓаат во кинеската проблематична територија Тибет.

Анапурна, Непал, 8.091 м, 23 април
Даулагири, Непал, 8.167 м, 12 мај
Канченџунга, Непал, 8.586 м, 15 мај
Еверест, Непал, 8.848 м, 22 мај
Лхоце, Непал, 8.516 м, 22 мај
Макалу, Непал, 8.463 м, 24 мај
Нанга Парбат, Пакистан, 8.126 м, 3 јули
Гашербрум 1, Пакистан, 8.080 м, 15 јули
Гашербрум 2, Пакистан, 8.035 м, 18 јули
К2, Пакистан, 8.611 м, 24 јули
Броад Пик, 8.051 м, Пакистан, 26 јули
Чо Оју, Кина, 8.188 м, 23 септември
Манаслу, Непал, 8.163 м, 27 септември
Шишипанма, Кина, 8.027 м, 29 октомври

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе