Netflix ќе го намали квалитетот на видеата на својата стриминг платформа за Европа во следните 30 дена, за да се намали оптовареноста на интернет провајдерите.
Побарувачката за стриминг услугите се зголеми бидејќи големи делови од Европа или се во карантин или граѓаните се во самоизолација поради епидемијата со Covid-19.
Провајдерот на видеостриминг соопшти дека сепак гледачите ќе добијат добар квалитет на видеосодржините.
Тиери Бретон, европски комесар за Internal Market, претходно рече дека корисниците не треба да користат HD [high-definition] „кога не е потребно“.