Netflix објави тизер за Avatar: The Last Airbender, мислењата на фановите се поделени

Netflix го објави првиот тизер и фотографии од главните ликови од серијата Avatar: The Last Airbender.

Во главната актерска екипа се Гордон Кормиер, кој го игра Аанг, Киавентио Тарбел, кој ја игра Катара, Иан Оусли, кој ја игра Сока и Далас Лиу, кој го игра принцот Зуко.

Серијата е адаптација на истоимената анимирана серија, која се емитуваше на Nickelodeon од 2005 до 2008 година, а беше креирана од Мајкл Данте Димартино и Брајан Кониецко. Режисер, сценарист и извршен продуцент на адаптацијата на Netflix е Алберт Ким, познат по сериите Sleepy Hollow и Nikita. Тој е извршен продуцент од Ден Лин, Линдзи Либераторе и Мајкл Гои. Мајкл Гои, Розеан Лианг, Џабар Раисани и Џет Вилкинсон ќе режираат некои епизоди, пишува Deadline.

Avatar: The Last Airbender е сместен во фантастичен азиски свет кој е поделен на четири нации: Вода, Земја, Оган и Воздух. Во секоја земја има мајстори кои манипулираат со еден од елементите. Само една личност, наречена Аватар, има способност да ги контролира сите четири елементи и неговата задача е да го одржува мирот во светот. Серијата го следи 12-годишниот Аватар Аанг, кој заедно со своите пријатели се обидува да го врати мирот во светот во кој владее вековна војна.

Remote video URL

Фановите на Twitter ги споделија своите размислувања за претстојната серија и актерите чии фотографии беа објавени.

„Не ми е гајле за костимите и расите, но нивните изрази на лицето не се совпаѓаат со карактерот на ликовите што ги играат. Ова ме потсетува на адаптацијата на Шјамалан“, „Бидејќи креаторите на оригиналната серија не се вклучени во продукцијата на ова, нема да го гледам“, „Не изгледа ветувачки“,се некои од коментарите.

„Ова навистина ми го разубави денот“, „Го имате моето внимание“, „Одличен кастинг“, „Конечно нешто да се радувам во 2024 година. Едвај чекам повторно да ги видам Аанг, Катара, Сока и Зуко“, напишаа од друга страна воодушевените обожаватели на претстојната серија.

URL

Avatar: The Last Airbender ќе биде премиерно прикажана во 2024 година на Netflix.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе