Netflix објави трејлер за СФ трилерот „Oxygen“
Се работи за француски филм кој ја прати приказната за една млада жена која го изгубила помнењето и има 90 минути кислород за да дознае како се нашла затворена во медицинска крио единица за да може да се спаси.
Режијата е на Александр Ажа, а сценариото е на Кристи ЛеБлан. Улогите ги толкуваат Мелани Лоран, Матје Амалрик и Малик Зиди.
Филмот ќе биде достапен од 12 мај на Netflix.