Неверојатен талент: Еден дечко, 54 гласови
Габриел Браун има несекојдневен талент за пеење. Она што го прави исклучително интересен е што може да ги имитира гласовите на славни пејачи и со затворени очи, лесно би се измамиле дека ја слушате вистинската ѕвезда.
Во неговото најново видео објавено на каналот Black Gryph0n тој ги имитира гласовите на 54 ѕвезди, од Мајкл Џексон, Бруно Марс, Џон Бон Џови, Фреди Меркјури до Дејвид Боуви и Еминем.
Од поп, рок и кантри до рап и метал, Габриел е дечко со (најмалку) 54 гласови!