Николовски ќе бара разрешување на Димова на следната владина седница

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на следната владина седица ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.

Тој на својот Facebook профил синоќа напиша дека има спротивен став од Димова и оти таа треба да си поднесе оставка.

– Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, напиша Николовски на Facebook.

Откако во јавноста излегоа информации дека Димова доделила 270 илјади евра на фризерница, Николовски побара од неа пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот со доделување финансиски средства од Европската унија.

Димова на прес-конференција рече дека не дава оставка и оти за програмата „Еразмус плус“ може да аплицира секој. Добитникот на грантот од 270 илјади евра Зоран Златановски, кој исто така присуствуваше на прес-конференцијата заедно со Димова, изјави дека е лажна вест дека грантот го добила фризерница, бидејќи аплицирал со фирмата „В.Е.З трејд“ која има посебна сметка и е наменета само за проектите за Еразмус.

Со случајот е запознаена и Европската комисија.

-Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави неодамна за МИА, Сузан Конзе, портпаролка на ЕК. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе