Трета недела по ред како „Black Panther“ не може да го симне од врвот на боксофисот ниту возбудата околу Оскарите, ниту пак премиера на некој од новите филмови.
И покрај премиерата на „Red Sparrow“, новиот филм со Џенифер Лоренс во главната улога, „Black Panther“ остана недостижен и во третиот викенд од неговото прикажување, заработувајќи вкупно 900 милиони долари во светските киносали.
„Red Sparrow“ имаше солиден викенд и покрај тоа што не се искачи на првото место на боксофисот, но сепак не ја надмина сумата од 20 милиони која се очекуваше дека ќе ја заработи во првиот викенд на прикажување.
Оскаровецот „The Shape of Water“ заработи 1,4 милиони овој викенд, што не е голема сума, но сепак е доволно со оглед на тоа што тој беше тргнат од репертоарот уште многу одамна, а оваа повторна проекција се должи на тоа што викендов се одржуваа Оскарите, па студиото сакаше да профитира малку од возбудата околу нив.
Ова е комплетната листа на филмови со најголема заработка викендов:
- Black Panther – 65,7 милиони долари
- Red Sparrow – 17 милиони
- Death Wish – 13 милиони
- Game Night – 10,7 милиони
- Peter Rabbit – 10 милиони
- Annihilation – 5,6 милиони
- Jumanji: Welcome to the Jungle – 4,5 милиони
- Fifty Shades Freed – 3,3 милиони
- The Greatest Showman – 2,6 милиони
- Every Day – 1,5 милиони