Јапонските автомобили со високи перформанси достигнуваат високи цени на пазарот, а пример е Nissan Skyline R33.
Nissan Skyline беше доставен на купувачот во Јапонија во 1995 година, а изгледа како нов.
GT-R отсекогаш беше привлечен за тјунерите, но моделот на фотографиите изгледа оригинално.
Каросеријата е лакирана во Midnight виолетова боја, има сива внатрешност во два тона, го движи 2,6-литарски твин турбо 6-цилиндричен мотор кој развива 276 коњски сили и 367 Nm максимален вртежен момент.
Nissan Skyline има поминато нешто повеќе од 46.000 километри, а новиот сопственик издвои 235.000 долари.