Низ најубавата река во светот течат боите на виножитото
Кањо Кристалес е скриен туристички бисер во Колумбија. Реката која тече низ регионот La Macarena локалците ја нарекуваат „река на петте бои“.
Поради алгите кои се наоѓаат во водите на реката, Кањо Кристалес изгледа како обоена во боите на виножитото. Туристичките водичи и познавачите на овој регион велат дека реката е најубава во периодот од мај до ноември, кога е дождовната сезона.
Владата на Колумбија вели дека поради Кањо Кристалес бројот на туристи во регионот се зголемува секоја година.