Футуристичка архитектура: Како би изгледале населбите на Марс?
Инспирирани од желбата да го подобрат животот на Земјата и да се изградат населби на Марс во иднината, тим научници од Interstellar Lab претставија проект комбиниран од футуристичка архитектура, инженерство, дизајн и технологија со регенеративна поддршка на живот.
Две години по лансирањето на проектот, Interstellar Lab откри експериментални биорегенеративни станици дизајнирани за научни и истражувачки центар за тренинг на астронаути.
Во исто време, според тимот на Interstellar Lab, населбата ќе биде отворена половина година за семејства, авантуристи и студенти.
Станицата, лоцирана во пустината Мохаве во Калифорнија, ќе биде отворена за 2021 година. Во неа ќе бидат вклопени различни витални технологии неопходни за секојдневен опстанок.