Нов гаф на Бајден: Направи голема грешка во говорот за холокаустот

Американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигна во посета на Израел, се запраша „Што правам сега?“ веднаш по напуштањето на претседателскиот авион Air Force One, за потоа да направи уште една, посериозна грешка додека зборуваше за холокаустот и ги замени зборовите „ чест“ (honour) и „ужас“ (horror), пренесуваат американските медиуми.

Гафот молскавично се прошири на социјалните мрежи и уште еднаш го постави прашањето за состојбата на неговото ментално здравје.

„Во Израел сум за да им оддадам почит на шесте милиони еврејски животи украдени во геноцидот и да го продолжам она што мораме да го правиме секој ден, за да продолжиме да сведочиме и да ги одржуваме живи вистината и честа (honour) на холокаустот... ужасот (horror) на холокаустот“, рече Бајден.

Remote video URL

Бајден ја поправи грешката, но се мачеше да го прочита говорот и се помачи да го изговори името на Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим. Американскиот претседател пристигна во Израел во средата попладне, што е првиот дел од четиридневната турнеја на Блискиот Исток, при што ќе ги посети и окупираниот Западен Брег и Саудиска Арабија.

Поранешниот лекар од Белата куќа, Рони Џексон, сега член на Конгресот, пред неколку години предупреди за влошување на когнитивните способности на Бајден. Коментарите на социјалните мрежи најмногу се сведуваат на тоа дека „претседателот е сенилен“, а многумина се прашуваат како може да згреши кога „има подготвен говор напишан со огромни букви“.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе