Седум лица загинаа, а најмалку шест се повредени откако автомобил удри во автобуска станица во градот Браунсвил, Тексас, јави денеска AP.
Според информации на локалните медиуми, осомничениот за нападот е во притвор.
AP наведува дека автобуската станица е во близина на засолниште за мигранти и бездомници во пограничниот град.