Нов напад на еко-активисти врз уметничко дело - на мета Ван Гог во Рим

Италијански еколошки активисти денеска испрскаа супа врз заштитното стакло зад кое е изложена слика на холандскиот уметник Винсент ван Гог во Рим.

Уметничкото дело не е оштетено, а акцијата е начин да се привлече вниманието на јавноста против употребата на фосилни горива и климатските промени.

Четворица активисти на италијанската група Ultima generazione (Последната генерација) ја испрскаа сликата „Сејачот и зајдисонцето“ на Ван Гог од 1888 година, изложена во Рим како дел од изложбата посветена на тој холандски уметник.

Подоцна, групата напиша на Twitter дека нејзината акција е „очајнички и научно заснован крик што не може да се поистоветува со едноставен вандализам“.

– Ненасилните директни акции ќе продолжат сѐ додека граѓаните не добијат одговори од нивните влади на нивните барања да се запре употребата на нафта, гас и на јаглен и да се инвестира во обновливи извори на енергија, соопшти организацијата.

URL

Италијанските власти одговорија дека нападот врз уметноста е одвратен чин кој мора најостро да се осуди.

Слични акции спроведоа во неколку наврати и еколошки активисти во Обединетото Кралство, Германија и Холандија.

реклама

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе