СЕРИЈА А 2022/2023

Нов пех за Рома: Ѕаниоло го повреди рамото, паузира еден месец

Откако го загубија летното засилување Џорџињо Вајналдум, римјаните сега останаа и без Николо Ѕаниоло кој синоќа против Кремонезе го измести рамото.

Рома синоќа се мачеше да постигне гол во дебито на „Олимпико“ во новата сезона против новиот тим во Серија А, Кремонезе. Ѕаниоло беше еден од најактивните кој зрачеше со преголема самодоверба и желба за гол.

При еден негов напад и дуел со грузискиот репрезентативец Лука Лочошвили во 42. минута, Ѕаниоло лошо падна на рамото и остана да лежи во болка. Беше изнесен од теренот со спрецијалното медицинско возило и тоа директно во клиниката Вила Стјуарт каде му беа направени испитувања и рендген. На негово место влезе Стефан Ел Шаарауи.

URL

Вестите кои Жозе Мурињо ги доби не се ни добри ни лоши: Ѕаниоло има дислокација на левото рамо и ќе мора да паузира 3-4 недели. Нема фрактура, ниту ќе биде потребна операција.

Лошата вест за Мурињо е што в саботи на гостувањето кај Јувентус дефинитивно останува без 23-годишниот офанзивец.

Младиот Ѕаниоло навистина нема среќа со повредите во кариерата бидејќи досега успеа да ги скине вкрстените лигаменти на двете колена, и тоа едното во јануари 2020, а другото во септември истата година.

Инаку, Рома успеа да ги освои трите бода синоќа. Промашувањата на офанзивците ги поправи англискиот дефанзивет Крис Смолинг кој при нафрлување од корнер на Лоренцо Пелегрини во 65. минута заби со глава, гол кој на крајот го одлучи победникот.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе