Нов ракетен напад над Сирија, Пентагон негира вмешаност

Сириската државна телевизија пренесе дека сириската противвоздушна одбрана одговорила на нов воздушен напад над сирискиот регион Хомс, кој имал за цел да ја погоди воздухопловната база Шајрат.

Пентагон соопшти дека во таа област во тоа време немало американски воени активности.

Сириските медиуми не прецизираа кој би можел да стои зад овој ракетен напад.

На прашањето околу информациите за ракетниот напад на воздухопловната база Шајрат во сирискиот регион Хомс, Пентагон соопшти:

„Немаше воени активности од страна на САД во тоа време“.

Оваа информација е објавена три дена после нападите на западните сили во Сирија, после обвиненијата дека силите на претседателот Башар ел Асад користеле хемиско оружје во Дума.

Експерти од меѓународната организација за забрана на хемиско оружје (OPCW), кои во саботата отворија истрага околу евентуалната употреба на такво оружје во Сирија, соопштија дека утре ќе ја посетат Дума за продолжување на истрагата.

Русија, која се обврза да ја обезбеди таа мисија во Дума, соопшти дека дошло до доцнење при заминување на терен од безбедносни причини, бидејќи на патиштата имало мина која била отстранета.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека Русија не сака да ја загрози работата на експертите на OPCW, како што тоа од порано го соопштија британските власти.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе