Нов тренд на пазарот на труд: Не вработуваме пушачи

Американската компанија за изнајмување камиони U-Haul International соопшти дека почнува нова пракса и нема да вработува „корисници на никотин“ односно пушачи на цигари, како и корисници на електронски и алтернативни испарливи цигари.

Компанијата ја најави својата „кадровска политика без никотин“ за од 1 февруари, која ќе стапи во сила во 21 сојузна држава во САД. Во секоја од тие 21 сојузна држава дозволено е да не се вработуваат луѓе зависни од никотин. Освен тоа, работодавците во 17 од нив имаат законска дозвола да ги тестираат своите вработени на никотин.

Претставници на фирмата истакнуваат дека нема да бидат отпуштени пушачите кои веќе се вработени во компанијата.

U-Haul International во има околу 34.000 вработени ширум САД и Канада.

Ваквиот тренд на „кадровска политика без никотин“ го почнаа некои болници и други здравствени установи во САД, главно со цел да заштедат на трошоци за здравствено осигурување за вработените.

Авиокомпанијата Alaska Airlines е пионер по ова прашање – ова е пракса во компанијата уште од 1985 година, со цел да се намалат расходите за здравствена заштита, како и здравствените последици од пушењето. Авиокомпанијата го забранува пушењето во околината на своите простории, на аеродромите, па дури и надвор во нивна непосредна близина.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе