Нов вид перуанска змија наречена по Харисон Форд

Познато е дека Индијана Џонс не поднесува змии, но Харисон Форд, актерот кој го портретира славниот археолог авантурист, сега има вистински рептил кој го носи неговото име.

Новопронајден вид змии во Перу го доби името Tachymenoides harrisonfordi во чест на актерот и неговото залагање за животната средина.

Тој има и мравка и пајак наречени по него.

Форд, кој е потпретседател на непрофитната организација Conservation International, изјави: „Овие научници продолжуваат да ги именуваат животните по мене, но секогаш животни што ги плашат децата. Не разбирам. Слободното време го поминувам дома. Им пеам приспивни песни на моите растенија босилок за да не се плашат од ноќта“.

За разлика од неговиот лик, Индијана Џонс, Форд потенцира дека всушност сака змии и дека „брзо се сродил со оваа“.

„Змијата има очи во кои можете да се удавите, а го поминува поголемиот дел од денот сончајќи се покрај базен со нечиста вода – веројатно ќе бевме пријатели во раните 60-ти“, рече Форд.

„Ова е потсетник дека има уште многу да се научи за нашиот див свет – и дека луѓето се еден мал дел од неверојатно огромна биосфера“.

Откритието, заедничка соработка помеѓу научници-истражувачи од Перу и САД, е направено во Националниот парк „Отиши“ во Перу.  Долга е околу 40 сантиметри и не е опасна за луѓето.

„За биолог, опишување на нов вид и негово објавување под ново име е една од највиталните активности во време на криза со биодиверзитетот или биолошка разновидност“, изјави Едгар Лер, водечки научник на проектот.

„Само познати организми може да бидат заштитени“, рече научникот. Тој се надева дека откритието ќе го привлече вниманието на кризата со изумирање со која се соочуваат видовите ширум светот.

Влекачите се особено склони кон изумирање, со повеќе од една петтина од сите влекачи кои моментно се загрозени, покажа студијата чии автори се истражувачите од Conservation International.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе