Нова истрага на СЈО - „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес-конференција на којашто ќе биде презентирана новата истрага која носи работен назив „Трезор“, соопштија од СЈО.

Нема детали за новата истрага, освен најавата за прес-конференција. СЈО досега поднесе две обвиненија за уништување на списи за работењето на опремата за прислушување на УБК,  предмет,  во којшто првообвинет е шефот на Петтата управа при УБК, Горан Грујевски и за случајот со насилните протести пред општина Центар, каде првообвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за поттикнување на насилство.

СЈО бара изземање на судијката Лидија Петровска на којашто и беше доделен случајот со списите од УБК бидејќи нејзиното име се појавува во објавените прислушувани разговори.

Таа пак бараше декласификација на доказите што ги достави СЈО за овој случај, но СЈО и ги врати истите докази со образложение дека декласификацијата на доказите би имало штетни последици.

Случајот во којшто е обвинет Груевски и е доделен на судијката Татјана Михајлова која му определи притвор на новинарот Томислав Кежароски во случајот „Ликвидација“.

По една година од својата работа, СЈО го изготви вториот извештај за работата на ова Обвинителство во последните шест месеци.

Во период од 15 март до 15 септември отворени се и четири истражни постапки во кои се опфатени 40 лица.

Јанева четири дена го презентираше извештајот на СЈО пред пратениците на Комисијата за политички систем, но во понеделникот таа ја напушти седницата на Комисијата изреволтирана од однесувањето на пратениците на ВМРО-ПМНЕ и најави дека ќе се појави во Собранието кога ќе биде закажана Пленарната седница на Собранието.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека ако Јанева не дојде на седницата, пратениците нема да и ги прифатат барањата доставени до Собранието.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе