Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје на 51-годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на коронавирус. По градови, статистиката за нив е следна:
- Скопје 11
- Куманово 2
- Прилеп 9
- Тетово 2
- Велес 3
- Валандово 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во нашата земја изнесува 1.259.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на COVID-19.