Нови големи ракетни напади во Украина - нападната клучна инфраструктура во Харков, Киев, Одеса

Русија утринава изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, соопштија украинските власти. Експлозии се слушнаа во источниот град Харков, а локалните власти соопштија дека е погодена клучна инфраструктура во градот.

Официјални лица во црноморскиот регион Одеса, исто така, наведуваат дека руски ракети погодиле критична инфраструктура.

Британските медиуми објавуваат дека силни експлозии се слушнале и во главниот град Киев, иако не е јасно дали се работи за противвоздушната одбрана или проектили што ја пробиле одбраната и ги погодиле наменетите цели. Засега нема информации за можни жртви, исто како што нема детали за инфраструктурата што е зафатена.

Поради денешните ракетни напади гувернерот на северниот регион Шуми соопшти дека дошло до прекин на електричната енергија.

Сирените за воздушен напад утринава се активирани низ цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Тревога е објавена во регионите Киев, Харков, Житомир, Виниција, Чернихив, Миколаев и Кировохрад.

Виталиј Бунечко, регионалниот гувернер на Житомир, ги повика жителите да останат во засолништа поради „заканата од огромен ракетен напад“.

Градската управа на Киев, исто така, ги повика жителите веднаш да одат во засолништа поради воздушната тревога.

„Во главниот град е прогласена воздушна тревога. Ве молиме веднаш одете во прифатните центри“ се наведува во известувањето објавено на официјалниот киевски канал Telegram.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе