Нови мерки за влез во Швајцарија - новина и за невакцинираните

Сите патници што влегуваат во Швајцарија од понеделник мора да се регистрираат електронски, без оглед на начинот на кој влегуваат во земјата, според новиот декрет на швајцарската влада, кој има уште една новина за невакцинираните.

Имено, швајцарската влада издаде нов декрет за влез во земјата, според кој од понеделник, 20 септември, сите оние кои не биле вакцинирани и не се заразиле со коронавирусот, при влез во Швајцарија ќе треба да покажат негативен тест, a четири до седум дена по влегувањето во земјата ќе треба повторно да се тестираат и резултатот да го пријават во кантонот во кој живеат или престојуваат за време на нивниот престој во Швајцарија.

Сите патници, без разлика дали се вакцинирани или не, мора да пополнат електронски формулар за да влезат во Швајцарија, без разлика со какви превозни средства влегле во земјата.

Министерот за здравство Ален Берче рече дека ќе следуваат казни за оние кои не се придржуваат кон мерките.

Така, казната за немање тест е 200 франци, и ако некој нема електронски формулар ќе треба да плати 100 франци.

Исклучоци има за патниците во транзит, за превоз на стоки и прекугранични работници, како и за оние под 16-годишна возраст.

Исто така, кантоните се задолжени да контролираат дали секој го направил задолжителниот втор тест.

Контролите нема да бидат сеопфатни, туку ќе се прават на случаен примерок.

На границите, Царинската управа и локалната полиција се задолжени за контрола.

Тестирањето пред да влезе во земјата, како и по пристигнувањето во Швајцарија, го плаќа патникот, а се признаваат тестови за антиген и ПЦР тестови.

Покрај овие обврски, швајцарската влада објави дека лицата вакцинирани во странство или кои се заразиле со коронавирус во странство, можат да добијат швајцарски ковид сертификат.

Овој сертификат може да го добијат само оние што се вакцинирани со оние вакцини признати од ЕМА, и на тој начин на туристите им е овозможено да учествуваат во општествениот живот на Швајцарија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе