Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Скопје, 19 август 2019 (МИА) – Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуството на членот на судскиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.

реклама

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово, Чулев апелира: Одлуката не е идеална, но треба да се почитува

Read more

125 нови заразени со коронавирус, 46 се од Скопје

Read more

СЗО препорача да се носи маска, но потребно е да биде трислојна за да ве штити од COVID-19

Read more

Четиригодишно дете почина по пад од трактор

Read more

Македонија

Чулев: На земјава ѝ се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет

Read more

125 нови заразени со коронавирус, 46 се од Скопје

Read more

Филипче: Објавувањето број на новозаразени не смее да биде трка на ексклузивитет

Read more

Еден новозаболен и еден починат од COVID-19 во Прилеп

Read more

Вести

Чулев: На земјава ѝ се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет

Читај повеќе

125 нови заразени со коронавирус, 46 се од Скопје

Читај повеќе

Филипче: Објавувањето број на новозаразени не смее да биде трка на ексклузивитет

Читај повеќе

Еден новозаболен и еден починат од COVID-19 во Прилеп

Читај повеќе

Маж приведен во Скопје за навреда на полицајци

Читај повеќе

МЗ: Филипче не прикривал 20 случаи на заболени од COVID-19

Читај повеќе

Четиригодишно дете почина по пад од трактор

Читај повеќе

Маж од кавадаречко приведен за недозволено поседување оружје

Читај повеќе

Брегзит во ќорсокак – дали преговорите ќе пропаднат?

Читај повеќе