Нови сознанија: Научниците очекуваат коронавирусот трајно да остане

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот се менуваа ставовите на научниците за новиот коронавирусот. Многу се внимателни за процените кога пандемијата ќе заврши и на кој начин. Но, сепак, доминира мислењето дека вирусот ќе опстане во популацијата.

Такво е и мислењето на експерти за заразни болести од Универзитетот Вашингтон. Меѓу нив е и докторт Крис Мареј, чие мислење за текот на пандемијата се промени. Тој првично очекувал дека ефективните вакцини во комбинација со претходно заразените луѓе ќе значи создавање колективен имунитет.

Но, минатомесечните резултати од испитувања на вакцините во Јужна Африка не само што покажале рапидно ширење на соеви на вирусот кои би можеле да ја намалат ефективноста на вакцините туку и би можеле да ги загрозат оние кои имаат природен имунитет стекнат преку зараза.

Моментално, тој е посветен на изучување на новите соеви на коронавирусот и нивните способности да го избегнат влијанието на природниот имунитет.

Reuters разговараше со 18 научници и сите имаат ист став, по објавувањето дека две вакцини се ефикасни 95 проценти многумина од нив се надевале дека тоа ќе значи запирање на вирусот, слично како сузбивањето на морбилите.

Но, порачаа дека сознанијата за соевите од Јужна Африка и Бразил го намалиле оптимизмот. Сега веруваат дека коронаврусот ќе биде ендемски вирус кој континуирано ќе циркулира меѓу луѓето и ќе продолжи да создава здравствени проблеми.

Нивната препорака е и понатаму да се почитуваат епидемиолошките мерки како носење заштитна маска и избегнување простории во кои има голем број луѓе, тоа особено се однесува на оние кои се во здравствен ризик.

Истото го препорачува и Ентони Фаучи, главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден.

Сепак, има и научници кои веруваат дека е можен позитивен исход од пандемијата со вакцините кои се направени исклучително брзо и превенираат можност од хоспитализација и смрт, дури и в случај на зараза со новите соеви.

Што велат од СЗО?

Мајкл Рајан од СЗО смета дека вирусот ќе стане ендемски и дека никаде нема да замине, пренесе Reuters.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе