Нови сознанија за задгробниот живот од антиката во Преспа

Археолошкиот музеј информира дека ја реализираше четвртата археолошка истражувачка сезона на хеленистичката некропола Гимбабица кај селото Избишта во Преспа. Оваа некропола е доста значајна за македонската археологија затоа што засега е единствената некропола во Преспанскиот регион од овој период која се истражува систематски.

Некрополата се наоѓа на зарамнето плато кое се надвишува над модерниот пат кој ги поврзува Ресен и Охрид, во непосредна близина на селото Избишта. Со пробивањето на модерниот пат во 1953 година, случајно се откриени првите наоди од некрополата. По направениот стручен увид на археологот Васил Лахтов од Музејот во Охрид, било констатирано дека гробовите потекнуваат од 3 век п.н.е. По точно 65 години приказната за оваа некропола повторно беше актуелизирана. Тимот археолози од Археолошкиот музеј предводен од Перо Арџанлиев во 2018 година успеа точно да ја лоцира и хронолошки да ја детерминира некрополата.

Од Архелошкиот музеј посочуваат дека оваа година фокусот на истражувањата беше насочен во добивање повеќе информации за нејзината организација, гробните форми и ритуали и откривање нешто повеќе за животните приказни на луѓето кои тука се погребани.

„Она што произлезе од годинашните истражувања е откритието на нови гробни форми, како и регистрирањето на нов ритуал на погребување. Годинава првпат на некрополата, а со тоа и првпат во регионот беа откриени гробови кои претставуваат правоаголни јами слободно вкопани во здравицата без било каква конструкција, што е нешто ново во споредба со гробните конструкции од претходните истражувачки сезони, каде беа откривани најразлични гробни конструкции изработени од камен и камени плочи. Нова појава која беше забележана на некрополата е погребување на спалени покојници, нешто што првпат се среќава во овој регион во хеленистичкиот период и нешто што не е својствено ниту за соседниот Охридски регион каде се истражувани далеку поголем број некрополи и гробови. Според откриениот движен археолошки материјал овие гробови слободно може да се датираат во веќе утврдените хронолошки рамки на некрополата втора половина на 4 век п.н.е. и прва половина на 3 век п.н.е.“, се вели во соопштението.

Од Археолошкиот музеј најавуваат дека по теренските истражувања ќе продолжат со кабинетска анализа и проучување на добиените податоци и материјалот, а потоа со јавно публикување на резултатите. Гимбабица и Преспа, како што се наведува, нудат уште многу години вредна археолошка истражувачка работа.

Раководител на проектот е Перо Арџанлиев, а стручниот тим го сочинуваат археологот Илија Бошковски и Благоја Фузевски. Проектот се реализираше со финансиска поддршка од Министерството за култура.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе