Авто новости

Новиот Audi A6 блесна на саемот во Женева

7. март 2018 - 13:10 | Д.Л.

На изложбениот штанд на Audi на автомобилскиот саем во Женева, најголемата ѕвезда е новиот А6.

Германскиот производител го претстави новиот А6. Со оваа премиера, Audi ја заокружи обновата на својата гама луксузни лимузини.

Новиот А6 малку порасна во димензии во однос на претходникот, па должината изнесува 4.939 mm, ширината 1.886 mm,  а висината е 1.457 mm.

Дизајнот на внатрешноста е во стилот на А7. Во најскапата верзија, на располагање се дури три големи дисплеи.

На почетокот, купувачите ќе можат да изберат помеѓу два мотори. Бензинската опција со 3.0 TFSI V6 сo 340 КС и 500 Nm, со седумстепен S Tronic автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Љубителите на дизелите ќе можат да сметаат на 3.0 V6 TDI со 286 КС и 620 Nm, со осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Новиот А6 пристигнува во продажните салони во Германија од јуни, а ќе се продава по цена од 58.050 евра, за основниот модел со 3.0 TDI.

Коментирај