Новиот филм за Бетмен заработи скоро 500 милиони долари на светскиот бокс-офис

Најновата суперхеројска авантура со Роберт Патисон во улогата на Бетмен оствари солидна заработка од 463 милиони долари на светско ниво. Кога не би биле во време на пандемија, ова би било сосема очекуван развој, пишува Variety.

Но, фактот дека сме во пандемија придонесе последиците да се чувствуваат и во филмската индустрија, па така само четири холивудски филмови можат да се пофалат со солидна заработка на глобално ниво. Тоа се „Spider-Man: No Way Home“ (1,86 милијарди), „No Time to Die“ (774 милиони), „F9: The Fast Saga“ (726 милиони) и „Venom: Let There be Carnage“ (502 милиони).

Новиот „The Batman“ предизвика огромен интерес кај публиката. Покрај Патисон, во филмот се појавуваат Зои Кравиц и Пол Дејно. Режијата е на Мет Ривс, а филмот трае 3 часа.

Во вториот викенд од прикажување, „The Batman“ заработи дополнителни 66.6 милиони долари на светско ниво и 66 милиони на  домашниот бокс-офис. Тоа придонесе за заработка од 224.7 милиони долари во светот и 238.5 милиони долари во Северна Америка.

„The Batman“ беше премиерно прикажан во Јапонија и заработи 3.2 милиони долари, доволно да се најде на врвот. Надвор од Северна Америка, филмот заработи 35 милиони долари во Обединетото Кралство, 20.2 милиони во Мексико и 16.7 милиони долари во Австралија.

Следниот петок филмот ќе биде прикажан и во Кина.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе