Новиот кинески „град“ за ковид-карантин се гледа и од вселената

Кина покажува екстремна решителност во спречувањето на третиот бран на епидемијата на COVID-19 во земјата.

Најновиот доказ за тоа е дека за само неколку дена Кинезите изградија вистински град за карантин, што го потврдуваат и сателитски снимки.

Според Der Spiegel, ваквата реакција на кинеските власти беше поттикната откако беа регистрирани 560 граѓани заразени со мутирани соеви на коронавирус за една недела меѓу 18 милиони жители на Шиѓијажуанг и Сингтаи, на околу 55 километри од Пекинг.

Со ненадејна одлука, надлежните служби наредија целосно затворање на околу пет милиони граѓани, што подразбира и за забрана за излегување од местото на живеење, освен за итни случаи. Една од многуте мерки е стратешкото тестирање на сите граѓани, и тоа двапати.

Во исто време, кинеските власти започнаа да градат „град“ со капацитет од 4.000 луѓе во непосредна близина за оние кои постои сомневање дека имаат коронавирус или се заразени, поради контакт со потврдено заразено лице. Der Spiegel цитира кинески медиуми и наведува дека градежните работници работеле на „карантинскиот град“ шест дена и шест ноќи, почнувајќи од 13 јануари.

За утврдување на тоа во која фаза се наоѓа изградбата на комплексот, медиумите се потпираат на сателитски слики од вселената, направени од системот Sentinel на Европската вселенска агенција, на висина од 800 километри.

Секоја станбена, односно карантинска единица за еден станар треба да има простор за живеење од 18 квадратни метри, бања, работна маса, кревет, фотелја, ТВ и Wi-Fi интернет.

На почетокот на пандемијата, Кина успеа брзо да го собори светскиот рекорд и за 10 дена подигна ковид-болница со капацитет од 1.000 пациенти.

реклама

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе