Фудбалерот на Ал Наср, Узбекистанецот Џалолидин Машарипов, ги искоментира гласините објавени во некои медиуми во Саудиска Арабија дека одбил да му го даде бројот 7 на Кристијано Роналдо.
„Роналдо доаѓа! Сега сè ќе биде поинаку. Кралот доаѓа! Утре после тренинг ќе имам фотографии со него на мојот Instagram. Бројот на моите следбеници ќе надмине милион. Ќе се зголеми бројот на луѓе кои сакаат да ме заследат мене, но јас нема да прифатам ниту еден од нив. Кога бев млад ги гледав неговите натпревари. Никогаш не мислев дека ќе играм со него во ист тим. Вреди да се одбележи дека ми го зеде бројот 7“, изјави Машарипов обраќање во живо на Instagram.
Играчот подоцна ја разјасни целата ситуација.
„Информациите дека Роналдо ми го зеде бројот не е точна. Вчерашните изјави на Instagram треба да се третираат со хумор. Оние кои добро ме познаваат тоа веднаш го разбраа. Планови? Внимателно следете го Роналдо во Ал Наср. Тој е еден од најдобрите играчи во своето време. Има многу работи што можете да ги научите од Кристијано“, додаде Машарипов.
Репрезентативецот на Узбекистан во Ал Наср ја промени седумката уште пред две недели заменувајќи ја со бројот 77.