Светски бокс-офис

Новиот Спајдермен ја врати публиката во кино, заработи над милијарда долари

Најновиот филм за Спајдермен, „Spider-Man: No Way Home“ се најде на врвот на светскиот бокс-офис и стана првиот филм со заработка поголема од милијарда долари откако е почната пандемијата. Последниот филм кој заработи над милијарда долари е „Star Wars: The Rise of Skywalker“ во 2019 година.

Во текот на божиќниот викенд приходот од кино влезниците надмина 1,05 милијарда долари. Според податоците на Comcore, оваа граница пред новиот филм за Спајдермен ја надмина „Star Wars: The Rise of Skywalker“ во 2019 година.

Очекувано се најде на првото место на листата филмови со најдобра заработка откако е почната пандемијава, претходно на врвот се наоѓаше „No Time To Die“, со 774 милиони долари.

Заработката на филмот кој е соработка меѓу Marvel Studios и Columbia Pictures достигна милијарда долари за помалку од две недели откако почна да се прикажува и покрај брзото ширење на омикрон.

Ниту една холивудска продукција досега не успеа да го достигне тоа. Филмот не игра во Кина, која моментално е најголем пазар.

Најновиот филм за Спајдермен е продолжение на филмот од 2019 година, а во главната улога се појавува Том Холанд.

Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе