Новите анализи велат: Хоминините пред 450.000 години пловеле низ Егејот

До неодамна се веруваше дека само современите луѓе се когнитивно способни за одредени откритија, но новите студии успеаја да побијат некои од тие теории и да докажат дека и нашите предци и роднини поседувале одредени вештини.

Островите во Егејското Море денес се сметаат за едни од најубавите места во светот. Неколку стотици од нив го формираат архипелагот меѓу Турција, Грција и Крит, и тоа го прават веќе илјадници години. Посебно е интересно што одредени артефакти овде се датирани во периодот од пред 476.000 години, а некои од нив се поврзани со Ашелската култура чиј носител е Хомо еректус. Исти такви артефакти се откриени и на копното на модерна Турција и Грција.

И покрај фактот што досега повеќето анализи сугерираа дека хоминините за време на леденото време преминувале од овие острови на копното пеш, во услови кога нашата планета замрзнувала поради екстремните временски услови и опаѓало нивото на морето - меѓународен тим истражувачи предводен од геологот Џорџ Ферентинос од Универзитетот во Патра, Грција, решил уште еднаш да ја тестира оваа хипотеза и да открие дали постои можност нашите предци да биле првите морепловци.

Реконструкција на крајбрежјето

Тие спровеле анализа која вклучув реконструкција на брегот околу островите во Егејот пред околу 450.000 години, споредувајќи ги податоците што укажуваат на висината на морското ниво и стапката на слегнување поради тектонската активност во тој период. Резултатите сугерираат дека претходните реконструкции биле неточни и дека нивото на морето пред 450.000 години било за околу 225 метри пониско од денес.

Тоа значи дека некои од овие острови биле меѓусебно поврзани, но сепак останале изолирани од околните копнени маси. Со други зборови, поморското патување не било вештина развиена од Хомо сапиенс, туку најверојатно од неговите предци и роднини.

„Понатаму, имајќи предвид дека архаичните хоминини можеле да го преминат Егејското Море, тие исто така можеле да го преминат и Гибралтарскиот Теснец“, пишуваат истражувачите во нивниот труд. Сето ова укажува дека научниците ќе треба да го ревидираат општоприфатениот став за населувањето на Југозападна Европа од Синајскиот Полуостров и левантинските рамнини преку крајбрежниот појас на Анадолија, и да се согласат дека не биле само анатомски модерните луѓе кои имале когнитивна способност да го преминат морето.

Истражувањето е објавено во списанието Quaternary International.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе