Новите правила во Италија веднаш донесоа драма: Верона и Специја ќе играат мајсторка

Правилата што беа воведени за оваа сезона во Серија А ја донесоа првата драма, а мајсторка за опстанок во друштвото на најдобрите на Чизмата ќе играат екипите на Верона и Специја.

Според правилата воведени за сезоната 2022/2023, тимовите кои на крајот од сезоната ќе се најдат со ист број бодови во борбата за опстанок ќе одиграат решавачки натпревар, а гол-разликата нема да се смета, како што беше случајот претходно.

Ако на гол-разликата се гледаше како досега, Верона ќе останеше во друштво на најдобрите. Но, новите правила веднаш донесоа драма и по завршувањето на регуларниот дел од сезоната во Серија А. Затоа, пак, во меѓусебниот дуел подобра беше Специја играјќи 0:0 дома, а во Верона победи со 2:1.

Тоа го донесоа поразите од Верона и Специја во последното коло. Верона беше поразена со 1:3 на гостувањето кај Милан, додека Специја загуби од Рома (1:2), исто така на гости.

URL

Датумот на мајсторката е 11 јуни, првата недела по завршувањето на регуларниот дел од сезоната. Еден натпревар ќе се игра на неутрален терен, но местото и точното време допрва ќе се утврдуваат.

Доколку натпреварот заврши нерешено, нема да се играат продолженија, туку играчите веднаш ќе шутираат пенали. Интересно е да се замисли и колкава тензија би имало доколку играчите на двата тима би шутирале пенали за опстанок во Серија А.

Според последните информации од Италија, четири градови се кандидати за домаќин на оваа, од повеќе аспекти, историска игра. Тоа се Удине, Фиренца, Лече и Реџо Емилија. Одлуката ќе биде донесена денеска.

Верона, формирана во 1903 година, има 47 сезони во најквалитетната италијанска лига, а по турбулентниот период сезонава ѝ беше четврта последователна во Серија А. Има и едно Скудето од сезоната 1984/1985.

Специја е формирана во 1906 година и ја одигра само седмата сезона во Серија А. Низ историјата најчесто била третолигаш (40 сезони) и второлигаш (31). Во Серија А ја одигра третата последователна сезона. Нема освоени Скудета.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе