Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус во земјава.
По градови, новите случаи се во: Скопје 12, Куманово 8, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 7, Струга 4 и Охрид 2.
Новозаболените во Скопје се од општина Гази Баба (5), Бутел (2), Чаир (2) и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат за МИА од Министерството за здравство.
Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.