Новитет од Tesla: Супербрз полнач за електрични возила

Главната предност на бензинците и дизел возилата во однос на оние со електричен мотор е во брзината на полнење. Но, инженерите во Tesla немаат намера да се откажат во борбата на тоа поле, па затоа направија нов, супербрз полнач кој беше претставен во седиштето на компанијата во Калифорнија.

Новиот V3 Supercharger може да ја наполни батеријата на Model 3 со јачина од 250 kW толку брзо што за пет минути полнење автомобилот ќе може да помине повеќе од 120 километри.

Првата V3 Supercharger станица е отворена во Фремонт за членовите на програмата на Tesla наречена „ран пристап“, односно за мала група сопственици на автомобили од компанијата на кои им е овозможено тестирање на голем број новитети.

Новиот супербрз полнач ќе почне да се продава веќе од наредниот месец, а на европскиот и азиско-пацифичките пазари ќе пристигне во четвртиот квартал од оваа година.

Третата генерација на супербрз полнач претставува големо подобрување во однос на V2 суперполначот, кој имаше максимална сила од 150 kW, но сите полначи од оваа производна линија беа ограничени на 120 kW. Меѓутоа, тоа ќе се промени годинава, бидејќи овие суперполначи ќе бидат апдејтувани така што нивната масимална сила ќе биде 145 kW.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе