Новороденче од Кина излечено од корона вирус без терапии и лекови

Новороденче од Вухан, старо 17 дена, на кое му е дијагностициран Covid-19 непосредно по раѓањето, закрепна без терапија и лекови, пренесува Daily Mail. Бебето е пуштено од болница во петокот.

Според кинеските медиуми, ова силно бебенце е најмладиот пациент кој досега закрепнал од вирусот. Бебето било преместено во Детската болница во Вухан истиот ден кога било родено од пациентка заразена со вирусот. Набргу потоа е откриено дека и бебето го има вирусот.

„Девојченцето Сјао Сјао имаше инфекција на респираторните органи и благо оштетување на срцевиот мускул“, соопшти д-р Чебг Лингконг, директор на Одделението за неонатологија во болницата во Вухан.

Бидејќи симптомите не биле очигледни, лекарите одлучиле да не му даваат антибиотици на бебето и самото да закрепне.

„Немаше видливи тешкотии со дишењето, не кашлаше, ниту имаше зголемена температура. Поради тоа ѝ дадовме само лек за срцето“, вели д-р Ченг.

Од болница е пуштена во петокот вечерта, откако три теста еден по друг покажале дека е негативна на вирусот. Докторот вели дека бебето целосно закрепнало од Covid-19, но и од болеста на срцето.

„Дури и порасна и доби на тежина“, вели докторот.

Лекарите во Кина стравуваа дека инфекцијата може да се пренесе од мајка на бебе во матката. Претходно овој месец, на бебе родено од пациентка заразена со новиот корона вирус, му е дијагностицирано корона вирусот 30 часа по неговото раѓање во Вухан.

„Ова е опомена да обрнеме внимание на можноста за нови начини и патишта на пренесување на заразата со корона вирусот, вертикален пренос од мајка на бебе“, изјави д-р Ченг.

Според најновата статистика за корона вирусот во светски рамки, заболени се 81.279 лица и регистрирани се 2.770 смртни случаи. Околу 30.358 луѓе закрепнале од вирусот. Новиот корона вирус е регистриран во 43 земји и територии. Најмногу заболени има во Кина, 78.073 лица и 2.715 починати. Во критична состојба се 8.745 лица во Кина. Потоа следи Јужна Кореја со 1.261 заболен и 12 смртни случаи. На Diamond Princess се регистрирани 705 заразени лица. Во Италија има 374 заразени лица и 12 починати од вирусот.

Заразени има и во Јапонија – 172 лица, Иран – 139 лица, Сингапур – 93 лица, Хонгконг – 89 лица, САД 57 лица, Тајланд – 40 лица како и во други земји.

реклама

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Шенон Доерти: Ќе снимам видео за да се збогувам со најблиските

Read more

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Експресен одговор за Навални од Кремљ

Read more

Живот

Рецесијата ништо не им може: Кајли Џенер и Кање Вест со огромен профит

Read more

Мали трикови за голема заштеда: Каде ви одат парите?

Read more

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Се самоуби познат француски готвач обвинет за силување

Read more

Магазин

  • play_arrow

Рецесијата ништо не им може: Кајли Џенер и Кање Вест со огромен профит

Читај повеќе
  • filter

Aston Martin дизајнира куќа од 7.7 милиони долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Гинисов рекорд: За 1 минута скрши 245 ореви со глава

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски палачинки по рецептот на Џејми Оливер

Читај повеќе

Кога е најдоброто време за секс: Дваесеттите, триесеттите години или?

Читај повеќе

Како реагирате на навреди открива дали сте психички јаки

Читај повеќе
  • play_arrow

Она кога сред вожња ќе ти излезе метеор

Читај повеќе

Мали трикови за голема заштеда: Каде ви одат парите?

Читај повеќе

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Читај повеќе