ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024 - БОКСИНГ ДЕЈ

Новозеланѓанецот Вуд распука на Боксинг деј и го тресна Њукасл

Филип Здравески
/ 26.12.2023 / 15:27

Боксинг деј не почна добро за милијардерите од Њукасл откако на отворањето попладнево со пресврт загубија дома од Нотингем Форест.

А, сѐ добро почна за Њукасл. Во 23. минута поведе со 1:0 преку Александер Исак од белата точка откако Ола Аина фаулираше во шестнаесетникот.

Кога сите мислеа дека со тој резултат ќе се замине на пауза, на сцена стапи напаѓачот од Нов Зеланд, Крис Вуд, кој во надополнувањето погоди за 1:1 на асистенција на Ентони Еланга.

По паузата следуваше вистински шок на „Сент Џејмс' Парк“ - Вуд продолжи да погодува. Најпрво во 53. минута по нова асистенција од Еланга се погрижи за пресврт и водство на гостите, за во 60-тата и трет пат да погоди за веќе големо водство на тимот од Вест Бриџфорд.

URL
URL

Да биде работата уште поинтересна, Крис Вуд беше едно од првите засилувања за Њукасл кога го доби новиот сопственик тешкаш. Вуд во Њукасл дојде во јануари 2021 година од Барнли, но за една година постигна едвај 4 гола во 35 премиерлигашки натпревари. На полусезона лани се пресели во Нотингем Форест, а денеска на својот поранешен клуб му даде хет-трик.

32-годишниот Вуд за репрезентацијата на Нов Зеланд има одиграно 74 натпревари и постигнато 34 голови. Како 18-годишник заигра на Мундијалот 2010 во Јужна Африка, а боите на својата репрезентација ги бранеше и на ЛОИ во 2012 и 2020.

URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе