Њујорк Никс поднесе тужба против тренерот на Торонто и уште 13 други лица

Њујорк Никс поднесоа тужба против 14 лица поради кражба на доверливи информации. Меѓу обвинетите се наоѓа и новиот тренер на Торонто Репторс, Дарко Рајаковиќ.

Дарко Рајаковиќ и Ике Азотам

Челниците на тимот од Големото јаболко сметаат дека српскиот стручњак заедно со неговите соработници Икечукву Азотам и Ноа Луис украле доверливи информации од оваа франшиза.

Азотам наводно зел илјадници датотеки.

„Тоа се многу доверливи документи, тоа се извештаи од натпреварите, статистичка книга од минатата година, снимки од нашите скаути, но и други работи. Никс сметаат дека ова е прекршување на сите можни правила, договори и граѓанското право, така што тие мораа да поднесат тужба“, пренесуваат локалните медиуми.

Како што се наведува во самата тужба, Рајаковиќ го користел Азатом за да ги добие информациите.

„Со цел подобро да се подготват за работата, Рајаковиќ и неговите соработници го искористија Азотам и неговата позиција во Никс за да добијат информации што ќе им помогнат да ги организираат Репторс. Азотам си испратил преку електронска пошта неколку документи со информации за Никс“.

Од Њујорк истакнуваат дека биле принудени на ваков потег.

„Овие снимки и материјали се од клучно значење за подготовката на нашиот тим, за предност против противниците, вклучително и Репторс. Никс сериозно ја сфаќаат својата сајбер безбедност и ние се обидуваме да ги заштитиме доверливите информации“, сметаат од клубот.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Кошарка

АБА лигата воведе ново правило

Read more

Се продава првиот автомобил на Лука Дончиќ

Read more

Тодор Гечевски е нов спортски директор на Работнички

Read more

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Read more
 

Спорт

Откриено колку Салах заработува неделно од сите договори

Читај повеќе
  • play_arrow

Ви реков да не се грижите - Мурињо среќен по победата над Фрозиноне

Читај повеќе

Во вторник почнува продажбата на влезниците за ЕУРО 2024 - најевтините се 30 евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Несекојдневна ситуација во Серија А: Главниот судија го фати грч

Читај повеќе

ВАР судиите кои го оштетија Ливерпул добија само два дена казна

Читај повеќе

Кениецот Киплагат победи на Скопскиот маратон, Дарио Ивановски го освои 3. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиер лигата призна: На Ливерпул му е поништен чист гол - објаснувањето е лудо

Читај повеќе

Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Канело го претепа противникот и ја одбрани титулата

Читај повеќе