Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бара бизнис заедницата

Скопје, 29 јули 2021 (МИА) – „Нула минути на граница“, тоа е нашата цел, им порачаа денеска стопанствениците на политичките лидери Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ.

На економскиот панел во рамки на Регионалниот економски форум, бизнис заедницата укажа и на потребата од воевдување една работна дозвола.

-Без нула минути не можеме да бидеме конкуреннти во ЕУ. Од друга страна, скоро 40 проценти од компаниите се жалат на проблеми да најдат квалификувана работна сила во сопствениот систем. Затоа, не треба да се поедностават само процедурите за работни дозволи, туку треба да се воведе една работна дозвола. Значи, бараме нула минути на граница и една работна дозвола, истакнаа стопанствениците.

Според нив, мора да се создаде перспективва – младите да бараат работа дома, во регионот, наместо да заминуваат надвор.

-Од 2012 до 2019 година 350.000 лица ги напуштиле нашите земхи, емигирале. Мислам дека можеме подобро од тоа. Ако зборуваме за перспектива, треба да зборуваме за давање можност да работат блиску до дома, до своите семејства, порача деловниот сектор.

Премиерот Заев во оваа прилика соопшти неколку иницијативи кои се предлог на бизнис заедницата, но за кои, како што потенцира, постои огромна политичка волја да се реализираат. Најави отворање посебна лента за камиони, поврзување на министерствата за финансии на сите три земји преку единствен софтвер, зајакната соработка и поврзување на МВР-службите за да се спречи еветнуална корупција и криминал при транспортот, увозот и извозот, како и поврзување на младите преку заеднички престој во хотели во некој од туристилките центри како Драч, Охрид, Копаоник, Златибор,… Со тоа, дополни премиерот, ќе се поттикне и трузимот, односно ќе се пролонгира туристичката сезона што ќе придонесе за јакнење на трите економии.

Заев откри и дека постои идеја за изградба на една од најголемите фотонапонски централи на Балканот.

-Многу други идеи стојат пред нас, а произлегоа од бизнисот. Она што ќе го потпишеме денеска ќе биде само почетна точка за унапредување на економиите. Кога политичкото лидерство е искрено отворено за соработка, можеме да ги развиваме идеите на сотопанските комори, рече премиерот на панелот.

Според него, за да се остранат стотиците камиони на Табановце, Прешево, Ќафасан, треба да направиме две работи – нашите министри за финансии да имаат софтвер кој ќе ги поврзе системите за ДДВ.

-Тоа е начинот за да се отстрани единствената пречка поради која камионите чекаат зашто фактурите, проверката на документацијата и оданочувањето се можни само со поврзување на софтверот за ДДВ. МВР службите, пак, треба да ги разменат сите податоци за борба против корупцијата и криминалот. Сите камиони и добра имат царинска процедура каде што почнува транспортот, на границите не прават ништо посебно, затоа треба да ги отстраниме чекањата, а идејата е да имаме „нон-стоп само оди“. Во однос на туризмот, разгледана идејата да се поддржат хотелите и рестораните. Идеја имаме и за тоа како да се организираат илјадници деца од училиштата кои ќе минуваат време заедно во хотелите во Драч, Златибор, Охрид, Дојран, Копаоник. Врските што ќе се остварат ќе останат до крјаот на животот. Тоа ќе го направиме и за да ја зголемиме туристичката сеозна (пред и по неа). Тоа може да ја подобри економијата, но и поврзаноста меѓу луѓето, истакна Заев.

Претседателот Вучиќ уште еднаш, како и шретходно во воведното обраќање, го нагласи прашањето на довербата. Важна е заедничката иднина, рече Вучиќ, и резултатите што ќе се постигнат преку соработката.

– Секогаш се потценуваме. Таквите фрустрации дека некој прави нешто подобро од нас, мора да се  надминат. Мора да веруваме во сопствените сили, да градиме меѓусебна доверба, да станеме партнери, напомена срппскиот претседател.

Албанскиот премиер Рама се осврна на работните дозволи, укажувајќи дека Северна Македонија и Србија треба да го сменат законодавството.

-Србија и Северна Македонија имаат проблем, треба да го сменат законодавството, она што ние претходно го направивме. Зошто грашаните на ЕУ да доѓаат кај нас и веднаш да им се признаат квалификациите, а луѓето од регионот ја немаат таа погодност. Затоа нашето законодавство го кренавме на исто ниво и за граѓаните од регионот и за оние од ЕУ. Кој и да дојде од регионот кај нас, ги има истите права како кој било друг од ЕУ, потенцира Рама.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе