Нуредини: Во владина процедура е план за заштита на Преспанското Езеро

Изработен е итен акциски план за заштита на Преспанското Езеро кој е придружен и со финансиска конструкција. Планот е во владина процедура за усвојување, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој се надева дека активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат и на таков начин, како што рече, ќе се намалат антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации, но и често од неодговорно однесување на човекот кон природата.

– Со  исклучителен и студиозен напор експертската работна група пристапи кон изработка на итен акциски план со мерки и приоритетни активности поради намалувањето на нивото на водата во Преспанското Езеро. Пропратен со една финансиска конструкција за имплементација на краткорочните и среднорочните документи. Планот е во владина процедура за усвојување, а сите документи се достапни на јавноста на нашата веб-страница на интернет, рече Нуредини на денешната прес-конференција на која ги презентираше активностите што Министерството ги презело во првите 100 дена од формирање на Владата.

Јавноста, додаде, е запознаена со долгогодишниот тренд на намалување на водата на Преспанското Езеро за што за жал веќе достигна алармантни размери. За спречување на ваквиот тренд, нагласи тој, потребна е и соработка и со Албанија и со Грција.

– Централната и локалната власт заедно со експертите, надворешни експерти се занимава со ова прашање од почетокот на годината и тоа на национално и меѓународно ниво. Во првите 100 дена од новиот мандат јас остварив, имав и директни средби, а и телефонски разговори со ресорните министри, со високи претставници на Албанија и Грција со цел за започнување на работата на трилатералниот Преспа парк, комитети на работните групи. Но, она за што посебно сум благодарен и горд е тоа што работната група на експерти за спас на Преспанското Езеро со претставници од надлежните институции, од академијата и од невладиниот сектор ја заврши нашата домашна задача, нагласи Нуредини.

Јас искрено се надевам, потенцира министерот, дека имплементацијата ќе започне што е можно побрзо.

– Се надевам дека ќе успееме да ги намалиме антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот која што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации, но и често од неодговорното однесување на човекот кон природата, истакна министерот за животна средина и просторно планирање.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе