Нуркачи во Јадранот открија строго чувана тајна на ЈНА и американски бомбардер

Нуркачи од Белград во близина на островот Вис открија брод кој потонал при невреме во моментот кога пренесувал муниција за боево оружје. За мистеријата да биде уште поголема, неговото потонување било означено како „воена тајна“.

Тимот нуркачи од белградскиот нуркачки клуб Тритон предводен од Мирко Бевења откритието го направил на 8 октомври годинава во Јадранското Море на длабочина од 125 метри и оддалеченост од 9 наутички милји од Рогозница во Далмација, Хрватска.

Преку анализа на ексклузивните снимки кои Бевења ги направил при нуркањето, тој и неговиот тим откриле дека станува збор за воен брод на ЈНА - десантниот носач на тенкови и поставувач на мини DTM 223, кој потонал во 1976 година. Произведен бил во 1950 година во Риека со долшина од 49,8 метри и ширина од 9 метри. Можел да носи три тенка, или три камиони, како и 200 војници.

Само ден подоцна истиот тим на Тритон наишол на уште едно големо откритие и тоа американскиот бомбардер B24 од Втората свертска војна, на длабочина од 115 метри.

Интересно е што Југословенската народна армија поседувала околу 30 носачи на тенкови, од кои секој можел да пренесе по три тенка. Конкретно, овој брод откриен кај Вис потонал при силно невреме, а сите 25 членови на екипажот биле спасени од трговски брод кој се одзвал на повикот за помош.

Целиот случај набрзо бил означен како воена тајна, по што неговата судбина заминала во заборав, сѐ до откривањето од српскиот нуркачки клуб Тритон.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе