Обама, Буш и Клинтон јавно ќе примат вакцина против корона за да докажат дека е безбедна

Поранешните претседатели на САД Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон доброволно се пријавија да примат вакцина против COVID-19 пред камера за да ја зголемат довербата на јавноста во безбедноста на вакцината, откако американската Администрација за храна и лекови ќе ја одобри.

Тројцата најскорешни поранешни претседатели се надеваат дека кампањата за подигнување на свеста за подобрување на довербата во нејзината безбедност и ефикасност ќе испрати моќна порака.

Фреди Форд, шефот на кабинетот на Буш, за CNN изјави дека 43-тиот претседател се обратил до д-р Ентони Фаучи - директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести и врвен експерт за заразни болести во САД - и д-р Дебора Бирк, координаторот за одговор на коронавирусите во Белата куќа, за да види како тој може да помогне во промовирање на вакцината.

„Пред неколку недели претседателот Буш ме замоли да им соопштам на д-р Фаучи и д-р Биркс дека, кога ќе дојде време, тој сака да направи што може за да помогне во охрабрувањето на неговите сограѓани да се вакцинираат“, изјави Форд за CNN.

URL

„Прво, вакцините треба да се сметаат за безбедни и да се дадат на приоритетните популации. Потоа, претседателот Буш ќе застане во ред за да ја чека неговата и со задоволство ќе го стори тоа пред камера.“

И Бил Клинтон би бил подготвен да ја прими вакцината јавно, со цел да ја промовира, рече неговиот прес секретар.

„Претседателот Клинтон дефинитивно ќе ја прими вакцината штом ќе му биде достапна, врз основа на приоритетите утврдени од здравствените служби. И тој ќе го направи тоа јавно, ако со тоа помогне сите Американци да го сторат истото“, рече Анхел Урена.

URL

Обама, во интервју со водителот на SiriusXM Џо Медисон, рече дека ако Фаучи рече дека вакцината за коронавирус е безбедна, тој ќе му верува.

„На луѓето како Ентони Фаучи, кого го познавам и со кој работев, им верувам во целост“, рече Обама.

„Значи, ако Ентони Фаучи ми рече дека оваа вакцина е безбедна и може да се вакцинирам за да не добијам КОВИД, апсолутно да, ќе ја примам“.

„Ви ветувам дека откако вакцината ќе стане достапна за луѓето кои не спаѓаат во ризични групи, ќе се вакцинирам“, рече Обама.

„Можеби ќе го направам тоа во живо на ТВ или ќе се снимам, само за да знаат луѓето дека верувам во оваа наука“.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе