Обама: Трамп функцијата претседател ја третира како реално шоу

Поранешниот американски претседател Барак Обама остро го искритикува неговиот наследник, републиканецот Доналд Трамп, оценувајќи го за несоодветен за функцијата шеф на државата, и ги повика гласачите да го изберат неговиот партиски колега Џо Бајден, со цел, како што кажа, да се обезбеди опстанокот на американската демократија.

На третата вечер од Националната конвенција на демократите, Обама кажа дека Трамп не покажа интерес кон функцијата претседател освен што се однесува како кон „реално шоу што може да го искористи за да го привлече вниманието по кое копнее“.

Тој, исто така, кажа дека Трамп не покажува интерес за ангажирање во работата, за постигнување договори, ниту за користење на овластувањата за да помогне некому, освен на самиот себе и на неговите пријатели, пренесуваат британските медиуми.

Обама во својот говор заклучи дека Трамп не е дораснат за оваа работа.

-Последиците од тој неуспех се сериозни, оцени Обама и го обвини Трамп за фактот дека 170. 000 Американци умреа од коронавирусот, како и за загубата на милиони работни места во рецесијата што следи.

Поранешниот американски претседател, кој сè уште е многу популарен меѓу демократските гласачи, ја искористи можноста да го поддржи Бајден, кој беше негов заменик во два мандати.

-За осум години Џо секогаш беше последниот во собата кога ќе се соочев со некоја голема одлука. Тој ме направи подобар претседател и тој има карактер и искуство да нè направи подобра земја, рече Обама во говорот, што беше пренесуван од Музејот на американската револуција во Филаделфија.

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден (77), официјално беше номиниран за претседателски кандидат во вторникот,  на вториот ден од Демократската национална конвенција. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе