Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

Познатото домашно име Драган Христов – LUDUS, заедно со Марија Кулушиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина, во текот на наредните шест месеци ќе ги претставуваат боите на балканскиот регион, под закрила на Моден Викенд Скопје.

 

Во рамки на проектот „Обединета Мода“, белгиските партнери MAD Home of Creators и Flanders DC ги обединија силите за да презентираат триесет европски дизајнери на интернационалните купувачи, организирајќи престижен дигитален шоурум од февруари до јули оваа година.

Направен е избор на социјално свесни брендови со силен комерцијален потенцијал, коишто имаат пионерска улога во градењето на одржлива иднина. Колекциите на селектираните модни етикети се дизајнирани да траат, исклучиво со користење на етички и еколошки материјали во нивното производство.

„Le New Black Show¬room“ претставува завршен настан на проектот, во чијшто фокус е потрагата по бизнис модели, кои имаат потенцијал да учествуваат во трансформација на модната индустрија. Македонскиот бренд LUDUS, заедно со дизајнерите Марија Кулушиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина, селектирани се како тројца претставници на Балканот.

LUDUS е одржлив домашен бренд што создава креации од природни ткаенини како памук, свила, лен, волна и рециклирана кожа, со минимум или без воопшто отпад во производниот циклус. Колекциите со дизајнерски потпис на Драган Христов се базирани на емоциите. Вообичаено се монохоматски, со минималистички изглед и скулптурални силуети.

Марија Кулушиќ е хрватска дизајнерка за бавна мода, која секогаш прави колекции засновани на приказна. Вниманието ѝ е посебно насочено кон софистицираната рачна доработка на деталите. Нејзините креации имаат безвременски карактер, спротивставувајќи ги модерното и традиционалното.

Кој сум јас? Кои сме ние? Каде припаѓам? Ова се прашањата чии одговори ги истражува брендот на босанскиот дизајнер Марко Фехер. Трага по идентитетот на скриеното „јас“ низ перцепцијата на другите. Нема боја. Нема пол. Нема сезона. Нема раса. Наменет е за секого и никого, одразувајќи ги ставовите на креаторот во дадениот момент.

United Fashion го спроведува кластер на европски модни асоцијации, чијашто цел е да се зголеми компетитивноста на дизајнерите, без притоа да се лимитира нивната креативност. Моден Викенд Скопје беше домаќин на настанот „United Fashion SEE Showroom“ во 2019 година. Проектот е поддржан од програмата Creative Europe на Европската Унија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе